Прекрасната Јасмин ле Бон, сопруга на Сајмон ле Бон, пејач на бендот „Дјуран Дјуран“ и на 49 години привлекува внимание каде и да се појави, а вистински хаос настанува кога друштво ѝ прави нејзината 24-годишна ќерка Амбер, која, како својата мајка, исто така е манекенка.
Многумина мислат дека тие две се сестри, без разлика на тоа што Јасмин е постара 25 години. Тоа е тешко да се претпостави, барем на прв поглед.
Инаку, Амбер веќе неколку години се занимава со манекенство, се обидела и како актерка, а во 2009 година во една необична анкета била прогласена за најсексапилна ќерка на позната личност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



