Имаш многу близок добар пријател кој е супер, паметен, смешен, дава добри совети кога го прашуваш и воопшто тој е момчето за кого си сонувала.
И еден ден ти светнува дека го сакаш не само како пријател, туку и повеќе. Што да правиш? Како да го претвориш од пријател во момче?
Направи потег
Ако си уверена, најлесниот и ефективен начин да ги покажеш своите чувства кон овој пријател е да го направиш првиот потег.
Ако излезете на вечера, најлесно е по една-две пијачки да го помилуваш нежно по косата, или по раката или ногата, додека зборувате. Ако реагира позитивно, замоли го да те бакне. Така ќе видиш дали чувствува тој нешто за тебе.
Поминувајте повеќе време заедно
Гледај да поминуваш повеќе време со него. Ѕвони му често и поканувај го да излегувате (но не претерувај за да не изгледаш очајна). Ако и тој те сака, тогаш ќе сака да поминува повеќе време со тебе, но ако вели дека нема време и е многу зафатен, можеби тоа е знак дека не сака продлабочување на пријателството.
Можеш да се обидеш и да пушташ тенки инсинуации кога сте заедно – на пример комплименти и споменување на љубовниот живот. Ако сте навистина добри пријатели и тој те цени како човек, само прашање на време е да почне да те перцепира и како секси жена со која сака да излегува.
Биди искрена
Оваа стратегија бара соодветно време и место (во никој случај пред други луѓе и кога немате време).
Земете длабок здив и кажи му за своите чувства кон него. Овој пристап може да создаде непријатност затоа најдобро размисли однапред што ќе кажеш. Иако ќе сакаш да го чуеш неговиот одговор веднаш, најдобро е да му дадеш време да размисли. Затоа не очекувај веднаш да те покани на состанок.
Но, ако и тој има чувства кон тебе, ќе бидеш среќна што си имала храброст да му кажеш бидејќи нема посолидна основа за една добра и долготрајна врска од најдобро пријателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По четири години пријател на Шумахер ја откри вистината за здравствената состојба
-
Татко го фатил пријателот како му ја силува ќерката – брутално го казнил во истиот момент
-
По смртта на Аркан, ова е единственото момче коe Цеца јавно го покажа
-
Му нема рамен: Жените полудеа по најдобриот пријател од Ѓоковиќ, ја заведе и Ана Ивановиќ



