| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен одмор: Замина првата група на деца од социјално ранливи категории

dime spasov deca

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ја испрати првата група на деца коишто ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2014 година.

Спасов истакна дека преку проектот на Министерството за труд и социјална политика, којшто веќе трета  година се реализира, по 3.000 дечиња од социјално ранливи категории заминуваат на одмор, од кои 2.000 на летување и 1.000 на зимување.

Тој посочи дека преку овој проект  им се помогна  на родителите кои се во потешка состојба. Особено е важно дека на децата од социјално ранливи категории, деца без родители и родителска грижа, деца со пречки во развојот им се овозможува бесплатен летен одмор, незаборавни денови со радост и смеа, исполнети со најразлични културни, едукативни и забавни  содржини и активности.

Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена  ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња. Проектот ќе заврши кон крајот на месец август.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top