| четврток, 6 декември 2018 |

„Агрокор“ го купи „Меркатор“ за 544 милиони евра

agrokor merkator

Хрватскиот прехранбен концерн „Агрокор“ објави дека го заклучил процесот за купување на словенечкиот трговски синџир „Меркатор“ во транскација вредна 544 милиони евра, јави Хина.

Од „Агрокор“ истакнуваат дека од наведената сума 324 милиони евра се однесуваат на стекнување на 100 отстотна сопственост, 200 милиони за намалување на финансиските обврски на „Меркатор“, а 20 милиони за оперативно финансирање на тековното работење на „Меркатор“.

На завршниот договор му претходеше и договор со банките за репрограмирање на долгот на „Меркатор“ во висина од една милијарда евра, како и согласност на регулаторните тела во државите во кои делуваат „Меркатор“ и „Агрокор“.

Двете компании заедно ќе остваруваат близу седум милијарди евра приходи, ќе вработуваат над 64.000 лица, а ќе бидат и водечка компанија во секторот малопродажба и производство на храна во регионот и пошироко.

– Со купувањето на мнозинскиот удел од Деловниот систем на „Меркатор“ од страна на „Агрокор“ создаден е најголемиот деловен систем во трансициските земји. Ова е заедничка победа на сите деловни луѓе, израз на решителност дека врз темели на промислена визија го креваме нивото на успешност и конкурентност. Почнуваме да создаваме нова вредност за нашите потрошувачи, поголема сигурност за сите вработени, иницираме натамошен развој на индустријата во регионот, отвораме нови пазари за производителите – изјави претседателот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top