| четврток, 6 декември 2018 |

Поради ова мора често да се сексате

Секс не е само добра забава и уживање, тој е многу важен и за вашето здравје.

Не е тајна дека сексот има големо влијание врз расположението на луѓето и нивната ментална состојба, но експертите веќе со години нудат докази за тоа колеку е добар за физичкото здравје.

Страницата „Здрави жени“ го објави инфографикот кој ги објаснува придобивките од редовен секс.

Секс може да го подобри имунитетот. Една студија покажа дека редовниот секс го зголемува нивото на имуноглобулин, анти-тело кој му помага на организмот да се чува од настинки.

За време на оралниот секс, спермата не мора да се избегнува затоа што содржи неколку здрави протеини. Еден од нив е одговорен за регулирање тона имунолошкиот систем и крвниот притисок и со тоа го намалува ризикот од развој на прееклампсија кај бремените жени, состојбата во која доаѓа до висок крвен притисок и вишок протеини во урината.

Одамна е познато дека сексот е одлична вежба, се смета за умерена форма на вежбање, а во една минута секс се губат најмалку пет калории.

sekstijelo1_23062014_info

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top