Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао, наводно, постигнал договор со Реал Мадрид.
Како што пренесуваат француските медиуми, Фалкао ќе го реализира својот сон и ќе го облече кралскиот дрес, а финансиските детали сѐ уште не се познати.
Колумбиецот, кој моментално се наоѓа на одмор во Мајами, го пропушти Светското првенство во Бразил поради повреда на коленотот, но ќе биде потполно подготвен за летните подготовки.
Фалкао минатото лето од редовите на Атлетико Мадрид премина во Монако за 60 милиони евра, па би било логично францускиот клуб да не го пушти 28-годишниот напаѓач за помалку од таа цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


