Германскиот спортски весник „Билд“ реши да се пошегува со Кристијано Роналдо по дебаклот на Португалија, која на стартот на мундијалот загуби од Германија со 4:0.
Во „Билд“ се појавија монтирани фотографии од германскиот селектор Јоаким Лев и од фудбалерите Филип Лам и Томас Милер со нивните ликови, ама со торзото на Роналдо, во позата што ја зазеде при прославата на четвртиот гол во финалето од Лигата на шампионите.
– Роналдо, денеска ние имаме победнички мускули – стои во коментарот под монтираните фотографии.
И португалските медиуми се нафрлија врз својата репрезентација, а во еден од нивните наслови стои – „Тим без глава и без нозе“.
Поразот од 4:0 од Германија е највисокиот за Португалија на едно Светско првенство.