| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели дарежлив кон Интер, дербито на Милано без победник (видео)

Интер и Милан ги поделија бодовите во дербито на Милано, во 26. коло во Серија А. Италијанските гиганти одиграа 1-1 и останаа во битка за позициите што водат во Лигата на шампионите. Марио Балотели ја прекина мини-серијата од 4 гола на 3 натпревари, откако го смени дресот и од Манчестер сити премина во Милан. Напаѓачот, кој порано играше и за Интер, имаше две стопроцентни шанси да ја продолжи низата голови во дресот на Милан, но не се снајде најдобро. Еднаш и извонредниот Хандановиќ му одбрани удар со глава на црномурестиот офанзивец, па популарниот „Супер Марио“ не се запиша во листата на стрелците. Таму се најде името на Стефан Ел Шарави, кој беше прецизен во 21. минута за водство на Милан. Израмни со убав гол со глава резервистот кај Интер, Езекил Матијас Скелото.

Милан со 45 бода се проби на третата позиција, но има натпревар повеќе од Лацио и Фиорентина кои се кандидати за пласман во ЛШ, заедно со Интер кој има 44 бода.


szólj hozzá: Inter 1-1 AC Milan HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top