| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја прегази Грција во Скопје

Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Катар. По победата од два гола разлика (27:25) во Атина, македонските ракометари вечерва во салата „Борис Трајковски“ ја прегази селекцијата на Грција со убедливи 35:22.

Како што се очекуваше, уште од самиот почеток Македонија покажа кој е кој на овој натпревар, а во текот на целиот меч ниту за момент не му оставија простор на противникот да се понадева на позитивен резултат.

За разлика од мечот во Атина, избраниците на селекторот Ивица Обрван реваншот го одиграа на далеку повисоко ниво, онака како што му доликува на фаворит во пресметка со тотален аутсајдер, па затоа победата е повеќе од заслужена.

Во првиот дел дебитираше и 18-годишниот Филип Талевски, во 30.минута тој го постигна деби голот во националниот тим.

Капитенот Лазаров со девет гола беше најефикасниот ракометар на теренот и ја предводеше Македонија до победата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top