Триесет и осумгодишен Албанец е убиен во престрелка што се случи денеска претпладне во централната атинска населба Неос Космос, јави дописникот на МИА од Атина.
Полицијата го нашла застреланиот пред влез на една зграда откако соседите пријавиле дека слушнале неколку истрели.
Тој починал кратко време откако бил однесен во болница.
Сѐ уште се испитуваат околностите под кои дошло до престрлката, а полицијата соопшти дека против убиениот од претходно бил издаден налог за апсење поради поседување нелегално оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



