Популарниот Диего Марадона беше гостин во една аргентинска емисија за време на натпреварот меѓу Бразил и Хрватска, со кој беше отворено Светското првенство.
Бразил славеше со 3-1, но Марадона смета дека реми би бил идеалниот резултат. Марадона изјави дека не гледал разлика во квалитетот на репрезентациите и додаде дека пеналот на Фред бил сомнителен.
– Бразил многу лесно можеше да го загуби натпреварот. Хрватска да останеше агресивна како на почетокот, ќе беше прашање како ќе завршеше натпреварот. Погодокот ги натера Бразилците на притисок поради тоа станаа силни – изјави Марадона.
– Резултатот 3-1 не беше видлив на теренот. Бразил одигра добро, но имаше проблеми. Да го нема Нејмар, Бразил не би имал ни игра – додаде Марадона.

