Во период кога поголемиот дел од вечерите ќе го поминуваме надвор, некои за да се изладат по жешкиот ден, останатите за со пивце во кафуле да следат некои од натпреварите на мундијалот, секој совет против комарците е добредојден.
Според истражувањето објавено во магазинот „Смитсонија“, доволно е и едно шише испиено пиво за да станете попривлечни за комарците. Најверојатно тоа се должи на зголемувањето на количеството на етанол, кој се лачи преку потта, но не се исфрла, како и зголемената телесна температура поради конзумирањето алкохол, која ги привлекува комарците.
Луѓето со крвна група 0, пак, се два пати повеќе напаѓани од овие летечки пакосници за разлика од оние со група А. Исто така крвопијците се фанови на јаглеродниот диоксид – го чувствуваат гасот од околу 50 метри и го ловат пленот. Што значи дека луѓето со големи тела и побрз метаболизам се почест предмет за напад.
Комарците ги обожаваат бремените и жените доилки, бидејќи ги привлекува и мирисот на млечна киселина, па бремените жени се двапати почесто напаѓани од останатите припаднички на понежниот пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


