Во април годинава Македонија ја посетиле 44.478 туристи. Оваа бројка е за 5 отсто повисока отколку во април минатата година. Во април се евидентирани 94.033 ноќевања, што е за 0,6 проценти повеќе од истиот месец минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во април годинава, споредено со април лани има зголемување за 12,4 проценти, и 2,8 проценти на нивните ноќевања, а на странските за 1,1 процент, кај кои, пак, има намалување на ноќевањата од 1 процент.
Во периодот јануари-април годинава, во однос на истиот период во 2013, бројот на туристите е зголемен за 3,5 проценти, кај домашните за 8,4 проценти, а кај странските за 0,3 проценти. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,2 проценти – кај домашните за 3,4 проценти, а кај странските за 1,2 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



