| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларна ерупција на Етна (видео)

Најголемиот вулкан во Европа, Етна во последните четири дена имаше пет ерупции, од кои последната се случи вечерва.

Поради силната експлозивна активност од кратерот се исфрла пепел и гејзери лава високи по стотина метри.

Еден поток лава избил од пукнатина што се појавила во подножјето на планината и се слива кон долината Бова. Поради тоа што вулканската активност не се смирува, вечерва превентивно е затворен и аеродромот во Катанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top