| четврток, 6 декември 2018 |

„Форд“ ќе гради автомобил од домати

Навидум, доматите и автомобилите немаат ништо заедничко. Но, истражувачите во „Ford“ и компанијата „H.J. Heinz“ ја гледаат можноста за иновативна унија.

Истражувачите во „Ford“ и „Heinz“ ја испитуваат употребливоста на влакнестата структура кај доматите со цел да се развијат издржливи материјали во производството на автомобили. Конкретно, кожата од сушен домат може да стане клучен дел од структурата на една пластика кај „Ford“ автомобилите, која би користела како простор за складирање и сл.

 Истражуваме дали овој спореден производ од преработката на храна има смисла за користење во автомобилската индустрија. Нашата цел е да развиеме јак, лесен материјал кој ги задоволува потребите на нашите возила, додека истовремено го намалува загадувањето на животната средина – изјави Елен Ли, технички специјалист во истражувањето на пластични материјали во „Ford“.

Infographic_CFPL00024_Heinz_Sustainability_R02

Пред речиси две години „Ford“ започна соработка со „Heinz“, „Coca-Cola“, „Nike“ и „Procter & Gamble“ со цел да се забрза развојот на 100 процентната органска пластика, која би се користела за изработка на разни материјали од ткаенина до амбалажа, и сето тоа со помало влијание врз животната средина за разлика од петролејските материјали кои се користат во моментов.

Во „Heinz“, истражувачите  бараа иновативни начини да ги рециклираат и пренаменат лушпите, стеблата и семките од преку два милиони тони домати, кои компанијата ги користи на годишно ниво за да го произведе нејзиниот најпродаван производ: „Heinz“ кечап. Лидерите во „Heinz“ се свртеа кон „Ford“.

– Ние сме воодушевени што технологијата беше дозволена. Иако сме во раните фази од истражувањето,и многу прашања остануваат неодговорени, ние сме возбудени од можностите кои овој проект може да ги донесе, како за „Heinz“ така и за „Ford“, како и од предноста на издржливата пластика која е 100 насто од органско потекло – вели Виду Нагпал, директор за амбалажа на R&D за Heinz.

Фордовата посветеност да ја намали употребата на петрохемиски материјали, да ги рециклира и повторно да ги употреби биоматеријалите е дел од глобалната стратегија на компанијата со цел да се намалат трагите кои општеството ги остава на земјата, и притоа, да се забрза развојот на технологијата за економични возила ширум светот.

Во последните години „Ford“ ја  зголеми употребата на рециклирани неметални и биоматеријали. Заедно со зајакнатите целулозни влакна во составот на конзолата и лушпата од ориз во изолацијата на електричните уреди, кои беа воведени минатата година, сега Ford-ото биопортфолио вклучува осум материјали во производството. Други примери се материјалите на база на кокос, рециклираниот материјал од памук за тапацирот и текстилот на седиштата, како и сојата која се користи во пената за перничињата и потпирачите за глава.

Сепак, колку и да звучи и изгледа неодоливо новиот дизајн, се уште е рано да гризнете кој било од деловите на новиот Ford“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top