1) „Те посакувам“
Да не е така, веројатно и не би имале секс, но имајте на ум дека убаво е да се слушне тоа. Мажите сакаат да знаат дека се уште ви се привлечни.
2) „Градите/стомакот/ грбот ти е фантастичен“
Мажите повеќе вежбаат и тренираат за да ги привлечат жените отколку поради здравјето. Секако, и здравјето е една од причините, но ова првото е поважно. Затоа сакаат кога ќе ги забележите нивните мускули.
3) „Сѐ е совршено на твоето тело“
Ако не знаете што точно да пофалите или истакнете, тогаш пофалете се.
4) „Кажи ми што ти се допаѓа“
Ова на мажите им зборува дека сакате да пробате нови работи и дека сте расположени да експериментирате во сексот. Ако ги испробате неговите предлози, и тој ќе мора да прифати да ги испробате вашите.
5) „Тоа е еден убав пенис“
Ова секогаш добро влијае на самодовербата на мажот. Пофалете го неговиот„ортак“ и ќе го купите. Ако можете, бидете што поотворени, бидејќи кога е во прашање овој дело од телото, мажите никогаш нема да мислат дека претерувате со фалење.
6) „Можеш да ми правиш што сакаш“
Оваа реченица гарантирано ќе го возбуди и уште повеќе ќе му ја разгори фантазијата. Секако, ова кажете му го само ако навистина го мислите и ако доволно добро го познавате за да знаете до која граница ќе оди.
Извор: zena.blic.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


