| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен споменикот на Александар Македонски во Аеродром

aleksandar makedoski

Фото: МИА

По повод првиот патронат на ОУ „Александар Македонски“, денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, го открија споменикот на Александар Македонски. Споменикот, кој е висок три метри, е донација од скулпторката Валентина Стефановска. Министерот Ристовски на сите ученици им го честита завршувањето на учебната година и им посака добри оценки и летен одмор. Ристовски им посака успех и на оние ученици кои се во процес на запишување. Коневски информира дека во моментов хортикултурно се уредува дворот на училиштето, инвестиција вредна седум милиони денари. Се очекува до септември училишниот двор да биде целосно завршен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top