| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов, Билбилов, Тамара – триото што ги создаде најдобрите песни во последните две години

Dzambazov i priatelite02

Игор Џамбазов како текстописец, Роберт Билбилов како автор на музиката и Тамара Тодевска вокал – тоа е триото што ги создаде, веројатно, најдобрите песни во изминатите две години.
robert-bilbilov-2
Се почна со „Готово е“, легендарната песна која, дефинитивно, е најслушана композиција од макфестовското натпреварување во 2012 година. Во 2012 година го освои второто место од публиката, а во 2013 година со право ја зеде наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала. Тоа е доказ дека првото место не гарантира дека имате голем хит.

На скопскиот фестивал во 2013 година триото настапи со нов наслов – „Тешко без тебе“. И, секако, текст на Џамбазов, музиката на Билбилов и изведба од Тамара. Повторно втора награда и голем хит.

Маестралниот Игор Џамбазов повторно создаде одличен текст, овој пат насловен „Тажна љубов, среќна песна“. Музиката повторно на е Билбилов и, секако, Тамара со нејзините извонредни вокални способности создаде уште една „заразна“ песна. Песната не освои ниту една награда на фестивалот, но денеска на социјалните мрежи новото дело на популарното трио е вистински хит. Веројатно Тамара, Игор и Роберт по фестивалот ја добија и најубавата награда  – публиката се поклони пред нивните дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top