
Необичен начин за поддршка на сопствената репрезентација. Ова е дело на обложувалница со седиште во Република Ирска, „Педи повер“, која е позната во Европа по необични начини на рекламирање, како и по можне неформално однесување со фудбалерите.
Маркетиншките активности на оваа кладилница се често забранети и со законите во Велика Британија, но се чини дека овој пат „Педи повер“ се надмина. Исече еден дел од шума во амазонскиот басен за да напише: Напред Англија, ПП (иницијалите на обложувалницата).

