| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ја прекина работата на „Јужен тек“

JUZEN_POTOKБугарија ја прекина работата на проектот „Јужен тек“, соопшти денеска бугарскиот премиер Пламен Орешарски, по средбата со група американски сенатори.

– Примивме барање од Европската комисија по што наредив суспендирање на работите. Понатамошните активности ќе бидат познати по дополнителни консултации со Брисел, изјави Орешарски.

ЕУ во средата побара од Бугарија да ги прекине работите на „Јужен тек“. Претставничката на ЕК за енергетика Сабина Бергер наведе неколку правни причини за таквиот чекор, меѓу кои е барањето на ЕК за усогласување на билатералните владини договори за изградба на „Јужен тек“ со нормите од Третиот енергетски пакет.

Освен тоа, Брисел се сомнева дека Бугарија ги прекршила европските права при распишување на тендери за градба на инфраструктурните проекти и давање привилегии на руски и бугарски компании.

Руското министерство за енергетика, денеска сопшти дека Русија се` уште нема добиено никакво службено соопштение од Бугарија за прекин на работите на „Јужен тек“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top