Македонија е многу поквалитетна селекција во ракомет од Грција, а тоа и го презентиравме со победа од 27-25 во Атина во првиот меч од баражот за настап на Светското првенство во Катар следната година.
Рутински нашите репрезентативци ја завршија првата епизода против јужниот сосед, а според квалитетот, се чини дека реваншот во Скопје ќе биде само формалност и игра за публиката.
Борко Ристовски со 16 одбрани беше цврст бедем во нашата одбрана, а одлично одиграа и Манасков, Кирил и Филип Лазаров, а деби имаа и Вугринец и младиот Талевски. Разликата во класа беше очигледна, а мора да се истакне и коректниот однос на Грците, кои се потрудија се да биде во рамките на фер-плеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


