| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот состав на македонската Влада

Македонскиот дипломат и амбасадор на Република Македонија во САД, Зоран Јолевски е новиот министер за одбрана, јавува ТВ „Алфа“.

vlada_nadvoresno_g_4

Јолевски доаѓа на местото на Талат Џафери од ДУИ.

Според информациите на „Алфа“ во новиот состав на македонската Влада има промени на министерското место за образование каде што на местото на Спиро Ристовски доаѓа Абдулаќим Адеми. Нов министер за земјоделство ќе биде Аднан Јашари, а Министерството за локална самоуправа ќе го води Лирим Шабани.

Михаил Цветков седнува на фотелјата од досегашниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, а министерското место за екологија му припадна на Нурхан Изеири. На местото од Сарачини за економија доаѓа Беким Незири.

alfa

Диме Спасов и натаму ќе го води Министерството за труд и социјала, а нема промени во остананите министерства.

Ставрески, Поповски, Јанкулоска, Јанакиески, Канчевска-Милевска, Тодоров, Ивановски, Пешевски, Муса Џафери, Бесими, ги задржуваат своите места во новата Влада.

alfa1

Министри без ресор во македонската Влада ќе бидат Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумов, Висар Фида, Неждет Мустафа, Фурхан Чако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top