| четврток, 6 декември 2018 |

Антонио Бандерас и Мелани Грифит се разведуваат по 18 години брак

мелани

Познатата актерска двојка Мелани Грифит (56) и Антонио Бандерас (53) се разведуваат.  По 18 години брачен живот, двојката објави дека се разделува и дека одлуката за развод била заедничка.

Мелани го поднела барањето за развод и како причина навела „непомирливи разлики“.

Глумците се вљубиле на снимањето на филмот „Two much“ во 1995 година, и оттогаш биле неразделни.

Мелани и Антони важеле за складна и хармонична двојка, и ја имаат ќерката Стела (17).

Мелани не сака разводот да стане „развлекување“ по судовите, но бара алиментација и потполно старателство над ќерката, која сè уште малолетна.

На Мелани ова ќе ѝ биде четврти развод. Со Дон Џонсон, со кого ја има ќерката Дакота (23), се венчавала и разведувала двапати, а пред тоа била во брак со Стивен Бауер, со кого го има синот Александар (27).

Бандерас од средината на осумдесетите години бил во брак со Ана Леза, која ја оставил поради Мелани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top