| четврток, 6 декември 2018 |

Експонати од непроценлива вредност се чуваат во сефовите на банките

bitola muzej

Илјадници, исклучително вредни експонати кои струшкиот народен музеј ги собирал безмалку еден век, се чуваат во банки. Еден од најстарите музеи со скапоцени експонати,“д-р Никола Незлобински“ нема каде да ги прибере бидејќи нема доволно соодветен простор.

 „Точно ние имаме дел од нашите предмети се и во посебно изнајмени сефови во банка така да водиме сметка за тоа, но сепак никогаш не е премногу да се работи на депоата затоа што тие си во моментов најсигурни места каде што ние можеме да ги депонираме предметите со сите услови за чување се друго е проблематично“ рече Сашо Цветкоски – дир. на Музејот “д-р Никола Незлобоски“- Струга.
Прашање е колку во банките има соодветни услови за чување на овие вредни предмети со хронологија од праисторискиот период па се до средниот век.
„Па мислам дека веќе од наредната година министерството изготвува програма која ќе биде посебно насочена кон музејските депоа и нивната презентација.Баш од тие причини каде што ќе се работи по светски стандарди и веројатно ќе има посебни донации од министерството што ќе бидат насочени кон музејските депоа“- додава Сашо Цветкоски.
Во моментов се она што е вредно се чува далеку од очите на јавноста, дури ни научната и културна јавност не знае со какви богатства располагаат музеите – вели Цветкоски.
Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top