Триесет и шестгодишниот Д.Д. од вчера е во притвор откако истражителите дознале дека тој снимил порнографски материјал со две малолетни лица.
Полицијата извести дека против Д.Д. е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Во период од 2012 до 2014 година во изнајмен стан во Скопје, во викендица во скопското село Побожје, во хотел во Охрид и на локација во Кратово, откако снимил порнографски материјал со две малолетни лица од Скопје ги пуштил до сите пријатели преку фејсбук профилот на една од оштетените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



