| четврток, 6 декември 2018 |

Дождот продолжува и во јуни

dozd

Понеделник во првата половина од денот ќе донесе нешто пооблачно време со повремен дожд, пред сè во северната половина од земјата. Локално слаб дожд е можен и во југоисточниот регион. Попладне ќе има намаливање на облачноста. Југозападниот регион очекува помала облачност и повеќе сонце. Во текот на денот ќе дува релативно слаб ветер, генерално од север и северозапад.

Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе има вредност 2о Целзиусови степени се очекува во котлините во западниот регион, и околу 22 Целзиусови степена во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална температура до 26 Целзиусови степени.

Скопскиот регион очекува променлива облачност со повремен слаб дожд наутро и претпладне, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 22 Целзиусови степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top