
Стартува изградбата на автопатот Мајка Тереза, од Кичево до Охрид. Кинеската компанија “ Синохидро корпорејшн лимитед“ која ќе го прави третиот македонски автопат ги потпиша договорите со македонските компании со кои ќе работат заедно.
-Пред се тоа се компаниите „Гранит“ и „Трансмет“ кои ќе бидат ангажирани заедно со кинеската компанија. Пред два месеци имапе огласи за вработување, луѓе се пријавија, за жал да бидам искрен очекував поголем интерес од охридскиот регион но интересот е тој што е и ќе работат најверојатно луѓе и од другите краеви“ изјави Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Изградбата на делницата овозможи отворање на околу 1000 работни места, а шансата ја искористиле само 200 работници од охридскиот регион. Согласно договорот 49% од компаниите и 51% од работниците треба да бидам од Македонија, останатите ќе ги обезбеди кинеската компанија. Дел од кинеските работници се веќе пристигнати во Кичево.Тие ќе работат по нивните стандарди, по нивните закони што и ја дефинира брзината на изградбата на автопатот.
Изградбата на делницата ќе обезбеди поквалитетен живот на граѓаните од овој дел од нашата земја, развој на туризмот и бенефит за бизнис заедницата.
Автопатот Мајка Тереза со должина од 57 км и широчина од 26 метри треба да биде готов за 4 години. Проектот предвидува изградба на 7 мостови 22 вијадукти, 6 натпатници, 13 потпатници и еден тунел кај Пресека со должина од околу 2 км.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


