
Бразилците се подготвуваат за настап на Светското првенство, а целата нација живее за фудбалот. На еден од последните тренинзи ги посети Леонардо Маркес Томе, момче болно од артрогрипоза (вродено пореметување – вкочанетост на скочните зглобови), им прочита емотивно писмо со кое ги бодри да успеат да го освојат мундијалот, а потоа и излезе од инвалидската количка, за да им покаже дека знае да жонглира со топката.
Ги воодушеви не само бразилските фудбалери, туку и целиот свет, кој го виде ова видео. Погледнете го и вие…

