Рафаел Надал сигурно чекори кон рекордната деветта титула на Ролан Гарос, а попладнево во три сета го победи Аргентинецот Леонардо Мајер.
Надал одигра сигурно, ефектно и беше концентриран во најважните моменти од мечот за пласман во осминафиналето. Таму ќе игра со едно од најпријатните изненадувања на турнирот, против српскиот тенисер Душан Лајовиќ.
Надал има 8 титули и е ко-рекордер по бројот на шампионски круни на Ролан Гарос, а ако успее и по деветти пат да се искачи на тронот ќе урне два рекорди. Ќе има најмногу титули во историјата на парискиот гранслем сметајќи го модерното доба на тениската игра и ќе стане единствениот тенисер со пет титули едноподруго на овој турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


