| четврток, 6 декември 2018 |

Новак и Јелена чекаат син?

Како што пишуваат српските портали, Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи открил дека чека син, на тој начин што на својот колега му порачал да ја чува својата ќерка за неговиот син.

Намерно или не, Ноле открил тајна дека тој и неговата избраничка Јелена Ристиќ ќе станат родители на момче. Новак на социјалните мрежи му порачал на својот колега Јанко Типсаревиќ да ја чува неговата ќерка Емили за неговиот син.

Типсаревиќ во изјава за српска емисија искоментирал:

„Многу ми драго што нашите дечиња ќе бидат исто годиште и што Емили ќе има еден драг пријател со кој ќе се гледа секојдневно на турнирите„

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top