| четврток, 6 декември 2018 |

Необичниот Индо-Пак експрес запрен на Ролан Гарос

Индиецот Рохан Бопана и пакистанскиот тенисер Аисам-ул-Хак Куреши загубија во второто коло во машки двојки на Ролан Гарос. Необичниот Индо-Пак експрес како што популарно ја нарекуваат оваа комбинацијата во дубл, е запрена во Париз. И покрај елиминацијата приказната и магијата што ја прават Бопана и Куреши продолжува да биде една од најсимпатичните спортски стории. Подобри од нив вчера беа Џонатан Ерлих и Марсело Мело.

Првпат кон себе вниманието го свртеа во 2010 година кога стасаа во финалето на Отвроеното првенство на Америка, или попознато како САД опен. Дотогаш речиси незамисливо во било кој спорт беше да составите комбинација од Индиец и Пакистанец. Двете земји во последните 70-80 години водеа три војни меѓусебе, а тој регион се уште е едно од најгломите светски воени жаришта. Но, Рохан и Аисам ги надминаа сите фрустрации, црвени линии, фронтови, непријателства и заедно застанаа на тениско игралиште. За да покажат дека спортот не познава граници, дека и најголемите непријатели можат да имаат заедничка цел.

Бопана и Куреши не успеаја да славата на Флашинг Медоуз пред 4 години и вчера испаднаа на Ролан Гарос, но велат дека ќе продолжат со мисијата, со една од најубавите пораки за мир, за пријателство, за соработка.

Или како што на шеговит начин и со многу симпатии пишуваа пакистанските и индиските медиуми, „Вардете се од необичната композиција. Ја нарекуваат Индо-Пак експрес и ќе минува низ вашиот град“.

„Ова е магичен момент за да престане непријателството меѓу двете земји. Долго веме со претставникот на Индија во ОН размислувавме како да ги затоплиме односите. Куреши и Бопана ни го покажаа патот. Пораката што ќе стаса од Пакистан е дека можеме да живееме како пријатели – изјави пред 4 години Абдулах Харун, амбасадор на Пакистан во Обединетите нации.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top