Во петиот натпревар од финалето на западната конференција во НБА плејофот, кој синоќа се одигра во Сан Антонио, Спарс со резултат 117-89 ја демолираше Оклахома.
Тандер беше рамноправен противник само во првата четвртина, а потоа се појде во знак на расположениот Спарс.
Тим Данкан натпреварот го заврши со 22 поена и 12 скока, 19 уфрли Ману Џинобили, по 14 постигнаа Кави Леонард и Дени Грин.
Кај Оклахома Кевин Дурент и Расел Вестбрук одново немаа поддршка од соиграчите, тие заедно постигнаа 45 поени со вкупен шут од поле 17/33. Дурент постигна 25, а Вестбрук 21 поен.
Спарс во серијата која сега се сели во Оклахома водат со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


