| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Педагошка комуникација“

Knigi-620x360

Интерактивниот учебник „Педагошка комуникација” од д-р Тамара Ќупева кој има за цел да ја унапреди наставата преку подобрување на комуникацијата меѓу професорите и учениците беше вчера промовиран во големата библиотека во СУГС “Орце Николов” од професорите Венко Андоновски и Антони Новотни.
Професорот Венко Андоновски кој беше еден од промоторите на книгата истакна дека се работи за брилијантно дело кое прави радикален пресврт од стариот начин на настава каде наставникот не остава простор за комуникација со учениците.
Училишниот психолог Ана Поп Ризова објасни дека книгата претставува добар прирачник за унапредување како за наставниците така и за образовниот процес во целост.
Во изработката на делото учествува и еден од учениците од гимназијата, Михаил Евремов кој ги дизајнира кориците на книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top