
Скоро една третина од луѓето на планетата се дебели. Во бројки тоа изгледа вака – повеќе од две милијарди луѓе имаат прекумерна тежина. Загрижувачки е тоа што ниту една земја во светот во последните 30 години не успеа да се избори со дебелината, покажуваат најновите истражувања.
Најмногу дебели луѓе живееат на Блискиот Исток и во Северна Африка каде што 60 отсто од мажите и 65 отсто од жените имаат прекумерна тежина. Во САД живеат околу 13 отсто од светската популација која има проблеми со телесната тежина, а Кина и Индија заедно „држат“ околу 15 отсто.
Во последните 20 години стапката на дебелината е зголемена за пет пати. Податоците се поразителни.
Во истражувањето биле земени предвид 1.700 различни студии од 188 земји од 1980 до 2013 година. Со дебелината се поврзани болести како дијабетес и некои видови на карцином.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


