Наградата „Виртуози“ која годинава за првпат се воведе ќе биде доделена на 2 март. Влезот за гала-вечерта, како што најави Соно Петровски ќе биде со скромна музичка програма, ќе биде бесплатен, со претходна резервација на влезници во СОКОМ.
Програмскиот одбор на „Виртуози“ го сочинуваат: Маја Чанаќевиќ, директорка на Македонската филхармонија, Сони Петровски, претседател на СОКОМ, Дејан Прошев, директор на МОБ, и Мирко Стефаноски од Дирекцијата за култура и уметност
Номинираните 11 личности за наградата, ги избраа музичките експерти: Снежана Анастасова – Чадиковска, Борјан Цанев, Олег Кондратенко, Горан Начевски, Бајрам Чупи, Марија Ѓошевска, Соња Здравкова – Џепароска, Ангелина Димоска, Александар Герасимовски, Стефанија Лешкова и Панче Јосифов
Во десетте категории за награди има по 15 предлози, а во некои и 25, а во иднина можно е категориите да се зголемуваат.
Најдобрите во класиката за изминатата година ќе добијат статуета, решение на Виолета Коцев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал