| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Никогаш нема да го признаам присоединувањето на Крим кон Русија

Украинскиот милијардер Петро Порошенко, кој вчера прогласи победа на претседателските избори во Украина, откако излезните анкети покажаа дека победил во првот куг со 56 отсто гласови, изјави дека ја поддржува идејата во земјата да има
предвремени избори оваа година.

Тој изјави и дека нема да има втор круг од претседателските избори. Во првата изјава по објавувањето на излезните анкети, 48-годишниот Порошенко рече дека ќе стави крај на војната во Украина и ќе го врати мирот во татковината.

Порошенко додаде дека никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим. На прашањето за односите со Русија, Порошенко рече дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина се од првостепено значење за него.

Порошенко вети дека Украина ќе биде единствена, а не федеративна држава. Тој истакна и дека нема да ги признае референдумите за самоопределување во Донецк и Луганск од 11 мај.

Порошенко рече дека земјата ќе го следи патот на европската интеграција во согласност со волјата на избирачите. Тој исклучи преговори со проруските сепаратисти, додека не го положат оружјето.

– Русија е нашиот сосед, без кој е невозможно да ѝ гарантираме безбедност на Украина. Неопходен ни е договор за безбедност, кој ќе го замени договорот од Будимпешта – истакна Порошенко.

Порошенко, чиешто богатство се проценува на 1,6 милијарда долари, има огромна империја не само во кондиторската индустрија, туку и во производството на автомобили и изградба на бродови. Тој беше министер за надворешни работи на Украина од 2009-2010 година и министер за трговија и економски развој во 2012 година.

Од февруари 2007 година до март 2012 година се наоѓаше на чело на Советот на Националната банка на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top