| четврток, 6 декември 2018 |

Надал прв фаворит за рекордна деветта круна на Ролан Гарос

Рафаел Надал е прв носител и фаворит за апсолутен рекорд на Ролан Гарос и освојување на деветтата круна на гранслемот во Париз, со што би го претркал Макс Декужи, легенда од минатото и тенисер што има 8 титули, исто како и Шпанецот, но сите освоени пред Втората светска војна.

Походот кон апсолутен рекорд Надал ќе го почне против американскиот специјалист за игра на брзи подлоги Роби Џинепри. За кралот на игра на земјени површини, какви што има поставено во комплексот во Париз, на Ролан Гарос, тоа треба да биде само рутинска задача. Понатаму посериозни противници за Надал би биле Станислас Вавринка, шампионот од ОП на Австралија, потоа и Ферер, евентуално и Мари.

Новак Ѓоковиќ е веднаш зад Надал на листата со фаворити, а во неговиот дел од костурот се и Федерер, Бердих, Цонга… Многу потежок пат до титулата, единствена од гранслемовите што му недостасува на Ноле. По подвиг тој ќе тргне против Жоао Соуза. Федерер на стартот ќе игра со Лукаш Лацко.

Кај дамите Серена Вилијамс е фаворит, Американката ја брани титулата, а во првото коло за загревање на мегдан ќе ѝ излезе Ализе Лим од Франција. Ждрепката беше немилосрдна за семејството Вилијамс, па во раната фаза можен е сестрински дуел во Париз меѓу Серена и Венус. Во нивниот дел од костурот на патот до финалето ќе им застане и Марија Шарапова. Популарната Маша за старт ќе има противничка од квалификациите.

Ролан Гарос има 123-годишна традиција и е еден од најдолговечните тениски турнири, со огромен рејтинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top