| четврток, 6 декември 2018 |

Четири стипендии за додипломски или за постдипломски студии во Индија

stpiendii
Четири стипендии за додипломски или за постдипломски студии од различни области на колеџот за техничко образование „Пенџаб“ во Индија, ќе бидат доделени на македонски студенти за академската 2014/2015 година.

Стипендиите ги доделува групата институти од колеџот за техничко образование „Пенџаб“  од Индија, за следните програми за додипломски студии: редовни студии за авијатика, туризам и угостителство; студии за деловна администрација; студии за компјутерски апликации; студии за трговија; студии за биотехнологија, редовни студии за туризам и угостителство; студии за фармација, како и за следните програми за постдипломски студии: информациска технологија; компјутерски апликации; менаџмент; деловна администрација; или суперспецијализација по меѓународен бизнис.

Понудените четири стипендии ја покриваат целосната школарина за студирање, со тоа што на еден од избраните стипендисти целосно ќе му бидат покриени и трошоците за сместување и исхрана, на еден ќе му бидат покриени 75 отсто од овие трошоци, а останатите две стипендии покриваат 50 отсто од трошоците за сместување и исхрана.

Краен рок за пријавување на кандидатите e 1.6.2014 година.

Подетални информации за условите, критериумите и формуларите за аплицирање може да се добијат на веб-страницата на „Пенџаб“ www.pcte.edu.in или на порталот за стипендии: www.stipendii.mon.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top