| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец измамил 14 сограѓани нудејќи им сигурна работа во странство

ПС Прилеп поднесе кривична пријава за Х.П.(44) од Прилеп за сторени кривични дела измама и фалсификување или уништување деловни книги, како и против правното лице Друштво за производство, превоз и услуги „Еуропесе Детацхеринг Буреау“ од Прилеп, на која управител е пријавениот, дека сторил кривично дело измама.

Во јануари 2014 година, пријавениот ја основал фирмата преку која објавил оглас дека нуди работа во Холандија, Белгија и Германија за која заинтересираните лица требале да поседуваат бугарски пасош и да уплатат 550 евра на жиро-сметка.

Сумата која требало да ја уплатат била предвидена за трошоци за авионски билети, престојувалиште за 14 дена, како и поддршка и посредување за вработување, за пријавување престој во странската држава и трошоци за агенцијата.

Пријавениот ветувајќи им дека по заминувањето во странство ќе потпишат договор за нивно вработување, а во рок од 12 месеци доколку не добијат соодветен предлог за работа, таксите за престој и превоз ќе им бидат вратени во вредност од 250 евра.

На ваков начин пријавениот измамил 14 лица кои не заминале на работа во странство, а со тоа се стекнал со против правна имотна корист од 466.988 денари.

За паричните средства кои се уплаќани на жиро-сметка на правното лице пријавениот нема книговотствена евиденција за влезот и трошењето на парите од оштетените лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top