| четврток, 6 декември 2018 |

Фулеко, маскотата на мундијалот во Бразил

Малиот „оклопник“ наречен Фулеко, што е кованица за зборот фудбал и екологија на португалски, е маскота на годинешното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули во Бразил.

Армадило (на шпански „тој што има оклоп“) е цицач што живее во Северна и во Јужна Америка. Постојат околу 20 вида армадила, кои се разликуваат по бројот на кругови на оклопот. Нивната просечна должина е 75 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката.

Видот армадило што е избран за маскота на Светското првенство живее во североисточен Бразил. Се одликува по тоа што може да се собере во топка за да се одбрани од нападите, пренесува „Б92“.

armada2

Бразилските еколози поведоа кампања за заштита на армадилата, маскотата на годинашното Светско првенство во фудбал. Претставничката на Здружението за заштита на природата „Катинг“, Лијана Сена, истакна дека на малиот оклопник му се заканува истребување поради сечење на шумите и поради лов. Таа се надева дека тоа што е избран за маскота на Светското првенство, е помош на општеството и на Владата да станат свесни за значењето на спасувањето на армадилата и на нивното природно живеалиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top