Триесетина азиланти од Африка и од Азија сместени во Центарот за азиланти во Бања Ковиљача во Србија се приклучија кон акцијата за помош на настраданите во големите поплави кои го зафатија регионот.
– И покрај сите маки кои ги снајдоа, тие луѓе спрема нас се однесуваа домаќински. Ни понудија домашна ракија и она што имаа од храна. Секој има своја мака и веројатно затоа добро се разбираме, без разлика кој од кој континент е – вели Лук од Конга.
Според управникот на Центарот за азиланти, Роберт Лејсмастер, тие два дена ги расчистуваа нередите во Крупањ, а сега азилантите, кои доаѓаат од Афганистан, Сирија, Алжир, Судан, Тунис и Конго, се подготвени да помогнат каде што е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.