| четврток, 6 декември 2018 |

Лирија не се снајде со сала, службена победа за МЗТ Скопје

Кошаркарскиот клуб Лирија од банални причини го загуби со службен резултат 0-20 вториот меч од полуфиналната серија со МЗТ Скопје и испадна во доигрувањето за титулата во домашното првенство.

Поради трагичниот инцидент во населбата Ѓорче Петров, кога тинејџер беше прободен со нож и почина, мечот беше одложен за денеска, а работите дополнително се искомпликуваа. Кошаркарскиот клуб Вардар во чијашто сала „Кале“, Лирија ги играше натпреварите како домаќин, извести дека денеска таму не може да се игра. Раководството на Лирија не најде алтернативен терен и според пропозициите го загуби мечот на „зелена маса“.

МЗТ Скопје се пласираше во финалето и ќе ја брани титулата против подобриот од второто полуфинале каде серијата меѓу Работнички и Кожув е израмнета, 1-1. Третиот меч во Скопје ќе одлучи која од овие две екипи ќе му се спротивстави на шампионот МЗТ Скопје во финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top