| четврток, 6 декември 2018 |

Нема мониторинг за Хрватска по влезот во ЕУ

zname hrvatska

Хрватска ќе влезе во Европската унија без механизам за соработка и верификација, како што беше наметнат на Романија и Бугарија, пренесува романскиот информативен сајт Зиаре, повикувајќи се на соопштение на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Европратениците имаат доверба во силата и зрелоста на демократијата во Хрватска, во социјалната пазарна економија и во нејзината способност да ги исполни обврските на членка на ЕУ, се наведува во соопштението.

Исто така европратениците побараа од трите земји кои се уште не го одобриле влезот на Хрватска во ЕУ, да го сторат тоа.

За влез на една земја во ЕУ е потребно согласност од сите членки. Само Словенија, Данска и Германија уште не го ратификувале договорот за пристапување на Хрватска. Европскиот парламент ја даде својата согласност на 1 декември 2011 година, потсетува сајтот.

Романскиот европратеник Моника Маковеј предложи на почетокот на февруари ЕУ да воведе механизам за соработка и верификација, кој би проценувал како Хрватска ја применува реформата во судството, мерките за решавање на конфликтите на интереси, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Маковеј тврди дека корупцијата останува сериозен проблем во Хрватска, како има информации за загуба на околу 11,3 милијарди евра поради неправилно управување, корупција и криминал во периодот 2001-2010 година. Предлогот на романскиот европратеник сепак беше одбиен од комисијата за надворешни работи на ЕП, пренесоа агенциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top