| четврток, 6 декември 2018 |

Каде одат ајкулите кога треба да умрат (видео)

Истражувачите од Универзитетот „Плимут“ длабоко во морето открија големи подводни гробишта, место каде што некои од најголемите морски животни одат кога ќе почувствуваат дека ќе умрат. На морските гробишта се пронајдени четири видови животни, меѓу кои има и ајкули.

Околу секое тело се наоѓале по 50 чистачи кои биле во потрага по храна што кажува како се „рециклираат“ големите морски суштества кога умираат.

Истражувачите сметаат дека остатоците од тие животни произведуваат четири проценти од вкупната храна што ја користат морските суштества. Тие велат дека тоа ќе им помогне да ја откријат судбината на умрените големи животни.

– Направени се многу истражувања за китовите и за ајкулите што умираат, но никогаш не сме го откриле местото на кое заминуваат кога ќе почувствуваат дека се пред умирање – вели научникот Ник Хигс од Универзитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top