Сопственикот на ПСЖ, шеикот од Катар, Насер ал Келаифи, изјави дека Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на кариерата ќе остане во клубот. Откако ќе реши да оди во пензија, тој може да остане во клубот како спортски директор.
– Веќе разговарав со Златан. Тој може да остане со нас по завршување на кариерата и да биде спортски директор на клубот. Има капацитет и способност да биде најдобриот спортски директор на светот – рече Ал Келаифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


