| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавите ја земаа првата жртва во Хрватска

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ денеска потврди дека е пронајдена првата жртва во поплавите што ја зафатија земјата.

Тој наведе дека жртвата е маж, но не го откри неговиот идентитет. Уште две лица се водат како исчезнати, по кои продолжува потрагата.

Хрватските медиуми објавија дека најдраматично е во источниот дел од земјата и на подрачјето на Хрватска Костојница и Двор. Во Славонски Брод нивото на река Сава полека се намалува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top