| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Карпош утре ќе собира помош за Србија и БиХ

opstina-karposОпштина Карпош ја засилува својата помош за граѓаните во поплавените подрачја во соседна Србија и Босна и Херцеговина. За таа цел утре, недела,18 мај 2014 Општина Карпош ги отвора вратите на 14-те урбани и месни заедници од  12 до 16 часот.

Урбаните заедници во овој период ќе функционираат како хуманитарни пунктови во кои жителите на Карпош ќе може да донираат првенствено конзервирана храна и средства за хигиена за настраданите жители од големите поплави во Србија и Босна и Херцеговина.

Од понеделник пунктовите ќе функционираат за цело работно време од 7.30 до 15.30 часот и дополнително хуманитарна помош во храна и хигиенски средства ќе се собираат во самата Општина.

Инаку,Општина Карпош веќе испрати 15 члена екипа спасувачи со два чамци и комплетна опрема за спасување во загрозените подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top