| четврток, 6 декември 2018 |

Дорис Пак: СДСМ да го прифати изборниот резултат наместо да бојкотира

doris pak

Опозициските пратеници да ги прифатат освоените пратенички мандати наместо да бојкотираат, конструктивно во Собранието да покажат дека ја разбираат демократијата, вели европратеничката Дорис Пак за „Канал 5“. Долгогодишната дипломатка вели дека е неприфатливо однесувањето на македонската опозиција, од СДСМ бара да го прифати изборниот резултат за да не се турка земјата во нова политичка криза.

– Мислам дека тие треба да ги прифатат изборите и да работат како добра опозиција. На демократијата ѝ треба опозиција и мнозинство, па се надевам дека ќе сфатат дека тоа не е однесување на демократска партија. Ако изборите беа во ред, односно дури и ако имаше помалку важни неправилности, а ОБСЕ рече дека беше ОК, мислам ова е резултатот, а не тоа што некој го мисли ако партијата изгубила. Мислам дека тоа не е фер – вели Пак за „Канал 5“.

Пак е категорична дека сега не е време, ниту, пак, има потреба од нови избори. Од друга страна, нема дилема дека однесувањето на опозицијата воопшто не придонесува за демократскиот дух, за слободната волја на граѓаните.

– Последиците… Многу работи, за кои ако е потребно огромно мнозинство во парламентот, нема да има можност да поминат. Од друга страна, неприфатливо е во демократија, еден губи, друг победува и тоа мора да биде прифатено. Мислам дека нема потреба од други избори, има потреба да се сфати дека мора да се прифатат изборите и мора да се однесуваат од позиција на избрани. Односно опозицијата е опозиција, има и мнозинство, мора да ги научат демократските правила – вели пратеничката од Германија.

За европските дипломати е речиси необјасниво што во услови на избори кои добиле одлични оценки партијата што загубила не го прифаќа изборниот резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top