Полските претставнички на „Евровизија“, после брадестата Кончита, беа главна атракија на второто полуфинале. Секси настапот на стиховите „ова е нашата врела славјанска крв“, сепак, беше само ублажена верзија.
Имено, управата на фестивалот не дозволила една од танчерките кои биле планирани да дојдат, да се појави на сцената. Станува збор за контроверзна полска старлета, која неодамна гола ја красеше наслоната на „Плејбој“ магазинот.

Луксурија Астарот не стигна до Копенхаген, а позади претставниците на Полска, Донатан и Клео, играа други девојки кои и самите ја вжештија атмосферата со полуеротските потези и кои најверојатно се најзаслужни за пласманот на Полска во финалето.
Вечерва гледачите на „Евровизија“, повторно ќе можат да уживаат во нивниот настап, поради кој многумина фестивалот го нарекоа „Порновизија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


