Актерката Мила Кунис, која го очекува своето прво дете од Ештон Качер, изјави дека има намера да роди по природен пат и без анестезија.
Убавицата нема да се подложи на епидурална анестезија и, најверојатно, ќе се соочи со своето прво дете дома.
Во своето прво интервју во врска со оваа бременост Мила сподели дека со Ештон размислуваат нивното дете да се роди не во болница, туку во нивниот дом во САД.
– Мислевме за раѓање во домашна атмосфера, гледавме документарни филмови и разговаравме со лекари и акушерки кои можат да ни го породат бебето дома – изјави Мила.
– Ќе родам толку природно, колку што можам. Веројатно мислите дека сум луда, но јас го сакав тоа, нема да користам епидурална анестезија – додава идната мајка.
Бринетата додаде дека Ештон е толку подготвен за бременоста, што постојано ја снабдува со најразлична „глупава“ храна, од која мисли дека таа има потреба.
– Тој претпоставуваше дека ќе ми се јадат многу чудни работи и затоа го наполни фрижидерот со аншоа, кисели краставички, кисела зелка и сладоледи – додава Кунис.
Идниот татко дури и зема приватни часови по руски, мајчиниот јазик на Мила, за да го разбира тоа што таа и детето ќе си го зборуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



